Што
  • 1. Сместувачки капацитети
  • 2. Угостителски објекти
  • 3. Туристички агенции
  • 4. Сервисни пумпи
  • 5. Гаражи и паркинзи
Каде

Сертификација

За BFS процесите

Бидете дел од растечкиот пазар на велотуризмот и локалната велосипедска заедница.

Овој процес се управува од Асоцијацијата за економски развој REDAH (Босна и Херцеговина) како Регионален технички секретаријат, со помош на Националните технички секретаријати: Агенцијата за развој Златибор (Србија), Туристичкиот кластер Црна Гора (Црна Гора), Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (Северна Македонија), LAG Агритуризам, Пеќ (Косово) и OJF THE DOOR, Шкодра (Албанија).
Целта на Bike Friendly Standard (BFS) е да ја добие довербата од посетителите кои ќе потврдат дека субјектот што имал ознака BFS сертификат,навистина сака да им помогне на велосипедистите и да ги третира со почит и разбирање.

Кој може да стане носител на ознаката Bike Friendly?
Секој ентитет кој ги препознал велосипедистите како една од целните групи и кој ги исполнува критериумите наведени во овој водич може да се пријави за носител на ознаката Bike Friendly.
Заинтересираните даватели на услуги мора да бидат регистрирани според локалните закони.

Искористете ги предностите на носителите на ознаката Bike Friendly

Цената на сертификацијата ќе биде одредена во зависност од видот на стандардот и ќе биде објавена со јавен повик за секоја земја. Максималната цена нема да биде повисока од 300 евра, што ги вклучува трошоците за сертификација, плус трошоците за изработка на инфо таблата и ознаката BFS.

Процес на апликација BFS

Еднаш годишно техничките комисии ќе објавуваат јавен повик за заинтересирани даватели на услуги кои сакаат да се сертифицираат. Процесот на сертификација е поделен на неколку чекори:

1. Објавување на јавен повик – техничките комитети ќе објават јавен повик на нивните веб-страници за заинтересирани даватели на услуги. Јавениот повик за изразување интерес ќе биде објавен во текот на есента тековната година и ќе биде отворен еден месец. Персоналот на техничкиот секретаријат ќе биде достапен да одговара на прашања и да дава појаснувања.
2. Апликација за сертификација – заинтересираните даватели на услуги на веб-страната ќе најдат формулар за апликација за секоја од 5-те категории на стандарди. Пополнетиот формулар со придружна документација треба да се испрати на одредена e-mail адреса. Придружната документација и рокот за поднесување апликации ќе бидат дефинирани со јавен повик.
3. Административна проверка на пријавите – по затворање на рокот за поднесување на пријавите во рокот што ќе биде наведен во јавниот повик, техничките комисии ќе извршат административна проверка на пристигнатите пријави. На оние апликанти кои го завршиле техничкиот преглед ќе им биде понуден Договор за сертификација. По потпишувањето на Договорот, ќе се креира листа на даватели на услуги и динамичен план за посета.
4. Подготовка за воведување на BFS – персоналот на техничките комитети ќе излезе на терен за да изврши увид во состојбата на објектот на регистрираниот давател на услуги и да даде писмена препорака што треба да се направи/промени за да се исполнат барањата.

5. Подготовка на објектот на регистрираниот давател на услуги – регистрираниот давател на услуги ќе има рок од 1-3 месеци, во зависност од видот на стандардот, да ги исполни барањата според критериумите, а по завршување и исполнување на препораките, за ова ќе го информира техничкиот секретаријат.
6. Евалуација на регистриран давател на услуги – независен оценувач ќе излезе на терен и ќе провери дали давателот на услугата ги исполнил сите услови за тој тип на стандард во рокот дефиниран во јавниот повик. Во случај да се исполнети сите услови, оценувачот писмено ќе го извести техничкиот секретаријат. Во случај да не се, ќе му дадат дополнителен рок на давателот на услугата да го допрецизира и финализира она што не е исполнето.
7. Доделување на сертификат и плакета BFS – техничкиот секретаријат ќе додели сертификат, плакета со ознака BFS и инфо плакета. Носителот на ознаката ќе биде поставен на веб-страниците на техничките секретаријати. BFS важи 2 години, по што е задолжителна ресертификација, а секоја повторна сертификација важи 3 години.
8. Поништување на сертификатот BFS – во случај техничкиот секретаријат да добие официјален приговор против носителот на стандардот, според дефинираните прописи, со секој приговор носителот на ознаката ќе биде опоменет со налог да го исправи недостатокот. Доколку во рок од една година имателот на ознаката не се придржува до три (3) препораки за поправање на дефектите, сертификатот автоматски ќе се одземе.

Босна и Херцеговина

BFS Регионален технички секретаријат Асоцијација за економски развој REDAH BNR 15, 88000 Мостар e-mail: [email protected] www.redah.ba

Северна Македонија

BFS Национален технички секретаријат Мрежа за рурален развој Адреса на канцеларијата: ул. “Борка Талески” бр.55, 1000 Скопје Р. Македонија Тел: +389 (2) 3075 506 Факс: +389 (2) 3075 503 E-mail: [email protected] https://ruralnet.mk/mk

Црна Гора

BFS Национален технички секретаријат NVU Туристички кластер Црна Гора Радоја Дакиќа бб, IPC Технополис e-mail: [email protected] Тел. 067 743 421 www.turistickiklaster.me

Албанија

OJF THE DOOR Лагја: Наим Ѓилбегу Руга: Бујар Бишанаку, Бр.799 Шкодра Албанија Тел: +35522243729 Факс: +35522243729 Алт: +355 68 202 6559 https://www.infothedoor.com [email protected]

Србија

BFS Национален технички секретаријат Регионална развојна агенција Златибор Петра Ќеловиќа 13A, 31000 Ужице e-mail: [email protected] Тел. 031 523 065 www.rrazlatibor.rs

Косово

LAG Агротуризам Пеќ/Pejë Адреса: Ул. Александар Моисиу, Катастарска зграда, 30000, Пеќ/Pejë, Косово Авторизиран претставник на организацијата е Мехди Мулај, тел. +38345286000; Фејсбук: Glv Agroturizmi, M. Мулај https://www.facebook.com/glvagroturizmi/ e-mail: Mehdi Мулај [email protected]