5. Bike Friendly Standard за гаражи и паркинзи
Паркинзите/гаражите за краткотрајно паркирање се добро обележани, надгледувани места за паркирање каде што велосипедите можат безбедно да се паркираат. Овој паркинг обично трае до неколку часа. Најчести места каде што е забележана потреба од ваква услуга се јавните паркинзи/гаражи до природни и културни атракции, пешачки зони, музеи, галерии, центри на стари градови, пештери, реки, езера, водопади итн.
Во оваа категорија спаѓаат и други објекти кои обезбедуваат услуга на велосипедистите, како што се: аптеки, обложувалници, пекари, бутици, пошти, телекомуникациски оператори, јавни институции итн.