BFS критериуми за сервисни станици
1. Сервисирање велосипеди
Сервисната станица е должна да го сервисира велосипедот, основна услуга која вклучува:
промена на плочките на сопирачките; промена на сајла; штелување на менувачот, воланот, седиштето; лепење гуми, замена на гуми; центрирање на тркалата..
2. Опрема
Сервисната станица мора да го има следново на располагање:
1. еден комплет алатки за поправка на велосипеди: имбуси сет од 2 до 10, комплет алат за велосипед на преклопување, клешти „папагал“, „француски“ клуч, пластични хебли, комплет ѕвездасти и рачасти клучеви од 4 до 20.
2. Еден штанд за поправка на велосипеди
3. Сет за лепење гуми;
4. Пумпа за велосипеди
5. Течен или спреј лубрикант за подмачкување на ланецот.
6. Приклучници за полнење на електричен велосипед.
3. Резервни делови
Сервисната станица мора секогаш да има на залиха:
1. сет на плочки за сопирачките за дискови од различни производители;
2. 3 комплети гуми за сопирачки од различни производители;
3. 6 сајли (3 парчиња за менувач, 3 парчиња за сопирачки);
4. Гуми за секој тип на велосипед – по еден пар од секоја големина на тркала (за пат 700×23-28, за трекинг 700×28-35, за MTB 26, 25,5 и 29).