BFS критериуми за туристички агенции
1. Паркинг за велосипеди
Паркирањето за велосипеди мора да биде на јасно видливо место на самиот влез во агенцијата, на позиција каде што велосипедите не можат да бидат оштетени од други возила. Држачите за велосипеди мора да имаат најмалку 2 носачи за велосипеди и можат да бидат фиксни или мобилни, хоризонтални или вертикални.
2. Услуги
Агенцијата мора да има:
1. Најмалку еден искусен велосипедски туристички водич или придружник кој мора да биде член на велосипедски клуб
2. Можност за превоз на велосипедисти и велосипеди, најмалку 2 носачи за велосипеди или приколки.
3. Опрема
Најмалку два држачи за превоз на велосипеди, кои може да се доделат на rent-a car, такси услуга. Мора да ја има следната велосипедска опрема што туристите можат да ја користат бесплатно:
1. Сет мали алатки,
2. Прибор за прва помош,
3. Пумпа за гуми,
4. Комплет алати за лепење гуми.
4. Инфо катче
Агенциите располагаат со инфо катче со: велосипедски/туристички карти, информации за возниот ред на јавниот превоз, контакти на сервисите „ Bike Friendly“ (сервисни центри, агенции, сместување, гаражи за краткотрајно паркирање), контакти на итните служби (брза помош , планинска спасувачка служба, пожарникари , полиција), телефонски број на такси служба, туристичка агенции или други специјализирани превозници за превоз на патници. Информациите треба да бидат на локален и на англиски јазик.
5. Промоција и маркетинг
Агенцијата мора да има своја веб-страница. Ценовникот на понудените услуги е објавен на веб-страницата. Ценовникот мора да биде и на локалниот и на англискиот јазик.