ВилаГора е реномиран сместувачки капацитет, пионер во сместувањето во Крушево. Имаме 26 хотелски опремени соби распоредени во 3 сместувачки единици. Надворешниот базен и џакузи се идеални за топлите летни денови, додека спа центарот е идеален за студените зимски денови. Не мора да се грижите за вашето возило бидејќи го обезбедивме паркирањето со видео надзор. Појадокот е разновиден со голем избор на интернационални и национални оброци и нудиме полн пансион само за организирани групи и семинари, за кои инвестиравме во изградба на сала за состаноци. Но, тука не ги изоставуваме љубителите на алтернативниот туризам како што се велосипедизмот, параглајдерството, планинарењето и други активности. За нив нудиме логистичка поддршка, миење на нивната опрема како и безбедност.